ВИДЕО: Смирен разбојник со пиштол ограби банка во Белград, си замина со 23.000 евра

Од:

Околу 23.000 евра е пленот кој од една белградска банка попладнето околу 17:00 часот го однел разбојник вооружен со пиштол, кој носел медицинска заштитна маска и син ранец.

Снимката од безбедносната камера, објавена на социјалните мрежи, покажува како ограбувачот влегува во банката, во која нема други клиенти и смирено им се обраќа на неколкуте преплашени вработени, откако го покажува пиштолот.

Разбојникот, заедно со ранецот со парите, избегал во непознат правец, а според неофицијалните информации пренесени од српските медиуми, на една од вработените во банката ѝ се слошило по трауматичниот настан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

ВИДЕО: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија