ВИДЕО: Силно невреме ја погоди западна Србија

Од:

Невреме проследено со силен ветер, пороен дожд и на места со врнежи од град, поладнево ја зафати западна Србија, предизвикувајќи големи штети.

Подрачјето на Ужице било погодено од јак дожд, кој предивикал вистински потоп по улиците на градот. На места улиците наликувале на вистински реки, што го попречувало одвивањето на сообраќајот.

Невремето погодило и делови во околината на Горњи Милановац, од каде локалните жители изјавија дека „досега не виделе нешто такво“, посочувајќи дека градот „уништел се што му се нашло на патот“.

Забележани се и повеќе случаи на откорнати дрва, од кои некои предизвикале блокади на улиците и патиштата.

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод претходно издаде предупредување за невреме во реоните на Ужице и Пожега, но и во делови од источна Србија, проследено со драстичен пад на температурите и до 10 степени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски