(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Од:

Албанската опозиција одржа нов антивладин протест, обележан со високи тензии, вклучувајќи фрлање молотови коктели врз зградата на владата и интервенција на полицијата со солзавец, јавува Анадолу. Протестот го организираше Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и огномет врз зградата на албанската влада, на што полициските сили одговорија со солзавец и водни топови. За време на маршот низ улиците на главниот град, молотови коктели беа фрлени и врз зградите на неколку министерства и други институции, а неколку полициски возила беа запалени.

Ова беше еден од низата антивладини протести што се одржуваат во Албанија во последните месеци, а опозициските партии најавија дека ќе продолжат. Демократската партија тврди дека им е одземено правото да зборуваат во парламентот и дека протестите се насочени и против корупцијата меѓу високите функционери. Опозицијата бара оставка од премиерот Еди Рама и формирање на привремена влада.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Половина милион луѓе протестираа против екстремната десница во Лондон, тврдат организаторите

А1он

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски