ВИДЕО: Протест на српските студенти против одлуките на Хаг

Од:

Неколку илјади студенти во Белград денеска со марш го искажаа незадоволството од одлуките на Хашкиот трибунал.

Со пароли „Не го даваме Косово“, Секој е невин додека не се докаже дека е Србин“, Од вашата правда, нема поголема неправда“, студентите по маршот пред српскиот парламент побараа вонредна седница на која ќе се расправа за одлуките од Хаг.

Тие побараа  сите работни тела да вложат дополнителни напори за да се подобри состојбата на Србите во Косово и Хрватска, како и тоа парламентот да побара постапките во Хаг против Србите да се завршат правично, и да им се помогне на семејствата на сите што се во Шевенинген и на нивните адвокати.

Тие своите барања најавија дека ќе им ги испратат на претседателот Томислав Николиќ и на премиерот Ивица Дачиќ.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија