(ВИДЕО) Продавале дрога на деца пред училишта, во шарени кутивчиња за да ги залажат – Уапсени 230 дилери во Албанија

Од:

Голема полициска акција во Албанија. Уапсени 233 лица дилери на дрога, се трага по уште 82 лица.

Дилерите кои припаѓале на дури 23 криминални групи продавале дрога на деца, и главно оперирале околу училишта. Меѓу запленетата дрога, како што се гледа на видеото објавено од албанското МВР, се шарени кутивчиња, спакувани како бомбони во различни бои, со цел да им бидат по примамливи на децата.

Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамки на акцијата извршен е претрес на 356 објекти и запленети се разни предмети поврзани со препродавањето дрога.

„Дваесет и три криминални групи вклучени во дистрибуција на наркотици во близина на училишта во простории и станбени блокови беа погодени во рамките на акцијата со кодно име Темпули. Станува збор за наркотици како кокаин, хероин, канабис, а има и огнено и ладно оружје. Акцијата беше проширена во Тирана, Драч, Корча, Елбасан и Валона“ рече тој.

Акцијата е организирана за да се спречи дистрибуција на дрога во училишни простории, барови, ресторани и резиденции и подвлече дека во последните осум месеци се покренати 170 истраги против „производство и продажба на дрога“ и „шверц на дрога“.

Најавен е и нов план за безбедносни мерки во училиштата.

„Ќе направиме сѐ за да спречиме криминалните групи да се приближуваат до училиштата во рамките на безбедносните граници – изјави Министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулант Бала, а како алармантен го оцени фактот што сѐ поголем број млади луѓе користат опојни материи.

Бала најави дека наскоро ќе бидат објавени предлози за измени на Кривичниот законик со кои ќе се удвои казната за кривичните дела што се случуваат во близина на училиштата.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски