(ВИДЕО) Пожар во Хрвaтска уништува се пред себе, одекнуваат детонации, горат куќи и возила

Од:

Пожарот што доцна синоќа избувна во Горњи Тучепи кај Макарска во Хрватска се прошири на паркот на природата Биоково. Огнената линија е долга четири километри, а се слушаат и детонации, па не се знае дали во куќите експлодирало возило или оружје, пренесува хрватски Индекс.

Еден од мештаните изјави дека изгорел просторот каде што се наоѓа зип-лајнот, целиот простор под ресторанот „Врска“, а сите гости од куќите до автопатот излегле надвор. Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од цела ривиера.

Се вели дека горат над 90 отсто од маслиновите и земјоделските површини, како и запуштените површини, се бранат вили и куќи, а пожарот се гаси со вода од базени.

Магистралата кон Дубровник сега е пуштена за сообраќај, а патот Макарска-Вргорац е затворен. Претседателот на општина Макарска, Анте Чобриниќ, за малку ќе настрадаше од пожарот, кој брзо се прошири од силниот ветер.

„Одев кон дома кога огнот го зафати мојот автомобилот, од кој веднаш излегов, а тој изгоре за неколку минути“, изјави Чобриќ за „Слободна Далмација“.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он