ВИДЕО: Потоп во Италија, најави за силни невремиња и на Балканот

Од:

Поради невремето и обилните врнежи во Италија, во Ломбардија е на сила црвен метео аларм.

Портокаловиот аларм е активиран во провинциите Фриули-Јулија, Лигурија, Болзано, како и делови од Пиемонт, Тоскана и Венето.

Во Џенова за еден час паднале 80 милиметри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави низ градот, проблеми во сообраќајот и прекин на пругата Торино-Џенова.

Силно невреме синоќа ја зафати провинцијата Лигурија, објави „Република“.

Жолтата метеоролошка тревога е на сила во италијанските провинции Абруцо, Кампанија, дел од Емилија-Ромања, Тоскана, Венето и Пиемонт, во Лацио, дел од Молизе, во провинцијата Тренто, но и во големи делови од Сардинија и Умбрија.

Најави за нови силни невремиња доаѓаат и од балканските држави, предупредувања има во Хрватска и во Србија.

Во текот на овој месец силни невремиња со поплави ја зафатија Словенија, но и делови од Хрватска.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања