ВИДЕО: Поранешниот возач фрли рачна бомба кон градоначалникот на Лушња

Од:

Градоначалникот на општина Лушња, Фатос Туше, и неговата секретарка Ериса Ќалиу се повредени откако во канцеларија на градоначалникот била фрлена рачна бомба.

„Немилиот настан се случил во 09.00 часот кога, неговиот поранешен возач Гезим Сарачи, влегол во канцеларијата на градоначалникот и почнале да се расправаат со висок ток. Секретарката ја отворила вратата за да види што се случува. Во тој момент Сарачи ја фрлил рачната бомба и избегал од канцеларијата,“се наведува во полициското соопштение по извршениот увид.

Од експлозијата градоначалникот се здобил со повреда на десната страна на градниот кош и ноѕете, додека секретарката имала повреди на раката, лицето и нозете.

По дадената соодветна прва медицинска помош во болницата во Лушња, двајцата се префлени на клиниките во Тирана и според последните информации тие се вон животна опасност.

Полицијата и Обвинителството работат на случајот за целосно негово расветлување.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски