ВИДЕО: По серијата вооружени пресметки по улиците, Жандармеријата го скротува „Дивиот запад“ во Нови Пазар

Од:

Наглото влошување на безбедносната состојба во Нови Пазар, каде за само три дена се случија неколку тешки инциденти со огнено оружје по улиците на градот, од утрово таму е распоредена српската Жандармерија. Припадниците на полициската единица денеска вршеа контроли во центарот на градот и претресуваа автомобили.

Во вчерашниот инцидент, кој според извештаите бил пресметка меѓу криминалци од новопазарското подземје, 38-годишниот Н.А. пукал од пиштол кон Н.Б. (37), кој седел во кафуле во центарот на Нови Пазар, а дел од пукањето беше снимено од страна на случаен минувач. Напаѓачот, познат на полицијата од претходно, е во бегство.

Во вторникот, уште една пресметка со пиштоли се случи пред самата полициска станица во градот, кога татко и син, кои биле сопственици на позната кафеана во градот, нападнаа 39-годишен човек и тешко го ранија, а во инцидентот настрада и 31-годишна жена, случајна минувачка, која доби куршум во градите. Напаѓачите ден подоцна ѝ се предадоа на полицијата.

Во уште еден инцидент, во кој за среќа сепак немало пукање, полицијата морала да интервенира откако избувнале тензии меѓу две спротивставени исламски верски заедници во градот. Приврзаници на Исламската заедница во Србија, односно луѓе блиски на заменик-градоначалникот на Нови Пазар Муамер Зукорлиќ, блокирале дел од пат кој поминува низ муслиманските гробишта кон Исламски центар кој го гради Исламската заедница на Србија, ривалска верска институција, која ја преводи Сеад Насуфовиќ.

Серијата вооружени инциденти ги вознемирија граѓаните во Нови Пазар, градот-средиште на областа Санџак, во кој живеат околу 120.000 жители

Полицијата била повикана откако луѓето блиски на Зукорлиќ поставиле метална ограда низ гробиштата и ги избркале работниците од градилиштето на Исламскиот центар. Немало посериозен инцидент, а случајот заврши на вербални навреди и препукувања на социјалните мрежи.

Нови Пазар вчера го посетија првите луѓе на српското Министерство за внатрешни работи, кои на локалните власти им ветија дека ќе ја вратат нарушената безбедност во градот, а првиот чекор кон таа цел е распоредувањето на единицата на Жандармеријата од Краљево на повеќе пунктови во Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада