ВИДЕО: Невремето стигна и во Србија: Град со големина на лешник во Нови Сад, Лозница без струја

Од:

Републичкиот хидрометеоролшки завод во Белград најави обилни дождови во вечерните часови.

Во наредните два часа се очекува град и грмежи, невремето ќе биде поинтензивно во Војводина и во западна Србија, каде се очекува и град.

Во Белград е на сила портокалов метеоаларм, додека во околината црвен метеоаларм.

Невреме проследено со ветер, пороен дожд и грмотевици ги погоди Нови Сад и Лозница.

Во Нови Сад, пренесуваат медиумите, паѓа град со големина на лешник, а од силниот дожд намалена е видливоста.

Во текот на вечерта, информира РХМЗ, се очекува опасно невреме кое може да предизвика материјални штети во Бачка, Срем, западна Србија, Шумадија и Поморавјето.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија