ВИДЕО: Невреме го поплави Дубровник, најмногу настрада стариот дел од градот

Од:

Невремето на хрватското крајбрежје синоќа го зафати и Дубровник, каде што дојде до излевање на морето, а познатиот Страдун, Стариот град, е целосно поплавен.

Поплавени се неколку улици во градот, дел од квартот Лапад остана без електрична енергија, поплавено е и Госпино Поле, а избувна и пожар над Комолац, кој брзо беше локализиран од пожарникарите, пренесува „Дубровнички дневник“.

На неколку места има излеани шахти, а многу возачи имале проблеми во сообраќајот, јавуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе