Жестоки реакции во српските медиуми по вчерашниот напад и попречувањето да известуваат од протестите во Приштина.
Новинарката и снимателот на РТК не се повредени, но не можеа и нормално да ја вршат својата работа- да направат извештај за демонстрациите по одлуката за преименување на Трепча во јавно претпријатие.
– Се се случуваше во центарот на Приштина. УсПеавме да се спасиме благодарејќи на неколку од организаторите на протестот кои не раздвоија, но и тоа што знам албански јазик. Цело време не влечеа, се закануваа и фрлаа со камења кон нас. Бегавме низ некои улици, и на крај организаторите на протестот не упатија кон Владата на Косово од каде полицијата не ни дозволи да излеземе повторно со образложение дека не е безбедно за нас, рече новинарката Александра Јовановиќ.
Видео снимка – RTK