Heavy Rain And Floods Create Havoc In Istanbul ,Turkiye,
Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и двајца туристи кои беа однесени од поројните дождови во камп во северозападна Турција.Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека по поројните поплави, уште четири лица исчезнале во камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија.
Во Истанбул, поројниот дожд ги поплави улиците и домовите во два кварта и регистрирани се две жртви. Десетици луѓе биле спасени откако биле заглавени во библиотека, додека некои метро станици беа затворени.
Во Бугарија две лица загинаа, а уште три лица се водат како исчезнати откако поплави го зафатија јужниот дел на брегот на Црното Море. Реките кои се излеаа од нивните корита предизвикаа голема штета на патиштата и мостовите. Во неколку места прекината е струјата, а властите ги предупредија граѓаните да не пијат вода од чешмите поради опасност од загадување на водоводите поради поплавите.
Basaksehir Area.#Turkey #Turkiye #Başakşehir#Floods #ClimateActionNow pic.twitter.com/cGrM0bkxd1
— The Pakistan Frontier (@PakFrontier) September 6, 2023
Телевизиските снимки покажуваат автомобили и камперски комбиња однесени во морето во најтешко погодениот јужен туристички град Царево. Властите прогласија вонредна состојба во Царево и ги повикаа луѓето да се преселат на погорните катови бидејќи приземјата на некои хотели беа поплавени.
Невремето Даниел кое е проследено со обилни врнежи од дожд, молњи и силен ветер во Грција продолжува веќе втор ден, досега едно лице го загуби животот, а едно се води за исчезнато.
Во градот Волос што вчера беше најпогоден од невремето, предизвикана е голема материјална штета на патната инфраструктура, но и на објекти. Домот за стари лица во Волос, кој се наоѓа во близина на брегот на реката Крафсидонас, бил поплавен, а луѓето биле евакуирани со помош на гумени чамци и пренесени во центарот на градот. Дождот предизвикал сериозни оштетувања на објектот и го урнал стариот дел од домот.
Повеќето села во овој регион се отсечени бидејќи на сите патишта низ планините има паднати дрвја, а на расчистувањето во исклучително тешки услови работат екипи од регионот, општината, но и жителите.
Откако вчера граѓаните и туристите во погодениот регион на Волос и околината добија известување за забрана за движење и напуштање на домовите без итна потреба, денеска истата порака е стигната и до сите оние кои се во Кардица во централна Грција.
„Граѓаните навреме беа известени за невремето, но беше тешко сите да се евакуираат пред да почне. Во селата во Пелион и натаму има доста туристи и жители“,изјави локален функционер од овој регион.
Од противпожарната служба на Грција информираат дека за 24 часа примиле 1 196 повици за помош, а над 250 лица во различни области зафатени од невремето, со помош на пожарникарите биле пренесени на безбедни локации.
Basaksehir National Library
Flash floods devastated some districts in Türkiye's largest metropolis Istanbul late Tuesday.Two people were killed. #İstanbul #Turkey #Storm #Başakşehir #yağmur #turkey #BreakingNews #basaksehirspor #rain #LatestNews #latestnewsupdate #اسطنبول… pic.twitter.com/yx93fLjG4l— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) September 6, 2023
Метеоролозите предупредуваат дека ова се најсилните дождови досега регистрирани во Грција.
Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, вчера била регистрирана рекордна количина дожд на дневно ниво во изминатите најмалку 17 години.
Во Загора во Пелион наврнале 500 милиметри дожд во еден ден, во услови кога годишните врнежи во Атина изнесуваат 400 милиметри.
Премиерот Кирјакос Мицотакис смета дека климатските промени се виновни за годинашните големи пожари и поплави во земјата, но и призна дека владата не се справувала со нив како што треба.
„Се плашам дека безгрижните лета што ги знаевме веќе нема да ги има и дека во следните години ќе биде уште потешко“,рече Мицотакис.
Поплавите во Грција доаѓаат по серијата големи шумски пожари што ја зафатија земјата во изминатите неколку недели, при што загинаа повеќе од 20 луѓе.
Невремето „Даниел“, според најавите од метеоролозите, се очекува да трае до утре.