ВИДЕО: Грозен чин на плажа во Белград – насилник ѕверски шутна девојка во лице

Од:

Десетици посетители на популарната белградска плажа на Ада Циганлија, кои денеска дојдоа да побараат спас од тропската жештина, наместо тоа беа сведоци на ужасен чин на насилство. Млад човек пред очите на сите се расправаше на цел глас со девојката со која беше во друштво, за потоа да почне да ја брка, додека еден од луѓето кои беа во близина се обидуваше да го спречи да ја нападне.

Кога девојката се обиде да стане, насилникот со сета сила ја удри со нога во лицето.

„Престани, Никола… тргни се од мене, остави ме, идиоту еден!“ – викаше девојката пред нападот, а напаѓачот извика: „Зошто правиш будала од мене“ и продолжи со ѕверскиот напад, додека триесетина луѓе, меѓу кои имаше и деца, гледаа во неверување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари