(ВИДЕО) Големи поплави во Грција поради обилните дождови, се повеќе мртви, активирана и војската

Од:

Дожд продолжи да паѓа над централна Грција и денеска, а воени сили се испратени да помогнат во справувањето со големите поплави во регионот на Тесалија, додека ситуацијата се смири долж брегот на Црното Море во соседна Бугарија. Грчкиот премиер Киријакос Митотакис нареди распоредување на воени сили, а неговата канцеларија објави дека планира да ја посети Тесалија во текот на викендот.

Службите за итни случаи го извлекоа телото на четвртата жртва, земјоделец кој беше затрупан во урнатините предизвикани од поплавата, во централниот град Домокос. Беше повикана поморска бригада стационирана во близина на поплавеното пристаниште Волос, а беше формирана и кризна единица во Лариса, главниот град на Тесалија.

– Спасувањето животи е приоритет, изјави во Атина владиниот портпарол Павлос Маринакис.

Волос е целосно отсечен и е без струја и вода, а во супермаркетите снемува флаширана вода. Портпаролот на службите за итни случаи рече дека ниските области на Тесалија, каде живеат околу 700.000 луѓе, се целосно потопени, а во некои области има вода длабока до 2 метри.

– Во изминатите 36 часа се примени околу 5.000 итни повици, рече портпаролот.

Жителите на Кардица во западниот дел на регионот се качија на покривите бидејќи нивото на водата се искачи на дури 4 метри.

– Главниот автопат кој води северно од Атина до Солун е блокиран на 200 километри. Обилните врнежи се очекува да престанат доцна вечерва, по што ќе започне со поправка на инфраструктурата. Сите што претрпеа штета ќе добијат помош, рече Маринакис.

Деталите за исчезнатите остануваат нецелосни бидејќи многу села се отсечени, а луѓето не можат да ги полнат своите мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос