(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Од:

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше убиен синоќа со нож на главната железничка станица во Болоња. Полицијата објави дека осомничениот напаѓач е 36-годишниот Хрват, Марин Јелениќ, и дека е во бегство. По него е започната потрага низ цела Италија, јавуваат италијанските медиуми.

Убиството се случило околу 18:30 часот на паркингот резервиран за вработените во железницата. Амброзио, кој штотуку ја завршил смената, одел кон својот автомобил кога бил нападнат одзади. Тој бил смртно избоден во стомакот. Бидејќи на местото на злосторството биле пронајдени неговиот мобилен телефон, паричник и пари, истражителите веднаш ја исклучиле можноста за грабеж како мотив за нападот.

Полицијата го обезбеди подрачјето на злосторството, а истражителите ги прегледаа снимките од надзорните камери од станицата, перонот и паркингот. Со споредување на снимките, наводниот сторител, Марин Јелениќ, брзо бил идентификуван.

Станува збор за 36-годишен маж без постојано живеалиште, кој веќе е познат на полицијата по кривични дела и напади на други железнички станици.

Алесандро Амброзио, од Анзола дел Емилија, работел како кондуктер во возовите на Интерсити и бил син на поранешен железничар. Колегите и познаниците го опишуваат како сериозен и смирен професионалец.

Италијанската полиција верува дека убиецот избегал од местото на настанот веднаш по нападот качувајќи се на воз што се движел кон северот на земјата.

Затоа, потрагата е фокусирана на возовите и станиците, со зголемени патроли и контроли на клучните железнички крстосници.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне