(ВИДЕО) Голема катастрофа во Грција: Поплавите опустошија населени места, патишта и ниви

Од:

Грција во последните денови минува низ невре,е од огромни размери. Невремето „Даниел“ предизвика поплави и уништи куќи и патишта, а во таа катастрофа има загинати и исчезнати лица, исто така стотина луѓе се заробени и чекаат евакуација.

На социјалните мрежи кружи видео од моменталната состојба. На видеото може да се види дека полињата со пченица се опустошени. Луѓето се качуваат на покривите за да бидат пренесени на безбедно со хеликоптери.

Нивото на Пиниос е опасно покачено, поради што синоќа нешто пред 22.30 часот е испратена порака „112“ до жителите кои се наоѓаат во реонот на реката.

„Доколку се наоѓате во зоната на поплава на реката Пиниос во границите на општина Лариса, оддалечете се поради опасност од излевање на реката. Следете ги упатствата на надлежните“, се наведува во пораката.

Истовремено, нешто пред 23 часот е испратена нова порака „112“ до жителите на населбата Александрини во општина Агиа Лариса да се евакуираат во Стоми поради можно излевање на реката Пиниос.

Титанските напори за ослободување на граѓаните ќе продолжат и вечерва. Според министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилија, спасувачите и чамците за спасување и сите расположливи средства со вештачко осветлување ќе продолжат со спасување од врата до врата.

Од четврток наутро драматични моменти се забележани во Кардица и Трикала, каде во одрони „исчезнаа“ села во општина Палама. Истовремено, голем број жители остануваат заробени во поплавените населби, до кои надлежните не можат да стигнат.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос