ВИДЕО: Гневен пациент влета во амбуланта во Сараево и тепаше медицински сестри што не му се јавувале на телефон

Од:

Незадоволен пациент вчеравечер влетал во амбуланта во населбата Буча Поток во Сараево и нападнал две медицински сестри, пишуваат локалните медиуми.

Според „Дневни аваз“, инцидентот се случил околу 18 часот и 30 минути, кога разгневениот пациент едната здравствена работничка физички ја нападнал, а врз другата го урнал заштитниот шалтер, кој го скршил. Медицинските сестри не се повредени, а тие објавија снимка од нивното работно место непосредно по нападот.

Според весникот, нападот наводно се случил поради телефонската опција на кол-центарот за Ковид-19, а тој не можел да воспостави врска со медицинските работнички, поради тоа што тие разговарале со други пациенти.

Според „Дневни аваз“, граѓаните со месеци се жалат дека преку телефонскиот сервис, на кој повиците автоматски се префрлаат, не можат да ги добијат медицинските лица за совети и прашања и постојано добиваат порака дека сите линии се зафатени.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина