(ВИДЕО) Додик пее за санкциите кон него: „Метар од моето село, Америка цела“

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик со најблиските соработници го прослави воведувањето на американските санкции кон него и Алтернативна телевизија од Бања Лука.

Тој со соработниците ја запеа песната „Метар од нашето село, Америка цела“.

Видео снимката од ова дружење објавена е на официјалниот профил на партијата на Додик, СНСД.

Во негово друштво во кафеанска атмосфера се претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, неговиот советник Радован Ковачевиќ, претседавачот на Домот на народите на Парламентот на БиХ, Никола Шпириќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија и претседателката на пратеничкиот клуб на СНСД во Парламентот на БиХ, Снежана Новаковиќ Бурсаќ.

Американската администрација вчера ја прошири „црната листа“ на која повторно, Милорад Додик по трет пат е под санкции на САД.

Додик кажа дека санкциите кон него ништо не можат да променат, со оглед дека немал намера да патува во Америка но и поради причината што немал никаков банкарски рачун ниту имот во САД. Тоа американската администрација ја нарече лицемерна и дека заедно со Британската влада дека се меша во внатрешните работи на БиХ и Република Српска.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Вучиќ ја има мнозинската поддршка од граѓаните во Република Српска

Почнува судењето на Додик, неговите поддржувачи ја опколија судската зграда

Додик верува дека тој ќе биде првиот претседател на независна Република Српска

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна