Додик верува дека тој ќе биде првиот претседател на независна Република Српска

Од:

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека ќе биде првиот претседател на независна Република Српска, а верува дека тоа ќе се случи до крајот на оваа деценија.

Во интервју, Додик посочи дека не планира да се повлече од политиката и дека верува дека неговата позиција само ќе зајакне. Одговарајќи на новинарско прашање каде се гледа себеси во 2030 година, тој рече дека тогаш планира да биде првиот претседател на РС, која ќе се отцепи од Босна и Херцеговина.

„Ќе бидам во првиот мандат на претседателот на независна РС“, изјави Додик, кој ги повика гласачите во тој ентитет цврсто да се држат до него и неговата политика. Оваа негова најава е во спротивност со неодамнешната отворена поддршка за формирање на нова Голема Србија, во која покрај РС би биле вклучени и Косово и Црна Гора, а овој концепт за промена на границите во регионот беше претставен на крајот на октомври во интервју за рускиот пропаганден сервис Спутник.

Провокативните изјави на Додик зачестија како што се приближува 22 ноември, кога тој мора да се појави како обвинет пред Судот на Босна и Херцеговина. Тојќе се соочи за обвинението со кое се товари дека не ги спроведувал одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, а во случај на осуда му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години и автоматска забрана за вршење на функцијата.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Вучиќ ја има мнозинската поддршка од граѓаните во Република Српска

Почнува судењето на Додик, неговите поддржувачи ја опколија судската зграда

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна

Додик: Настаните во Косово го покажаа лицемерието на меѓународната заедница

Горан Наумовски