ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Од:

Патнички крузер со вкупно 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салчија, поради исклучително нискиот водостој. Бугарската гранична полиција започна евакуација на 186 патници од бродот „Viking Ullur“, кој плови под швајцарско знаме, додека на пловилото останаа 52 членови на екипажот.

Според бугарското Министерство за внатрешни работи, крузерот требало да пристигне во пристаништето Видин за снабдување, но поради блокадата на бродот почнало да недостига и питка вода.

Бродскиот агент ангажирал друго пловило за преземање на патниците, но тоа не успеало да се доближи до насуканиот крузер. Поради тоа, во акцијата се вклучила бугарската гранична полиција, чии припадници со патролни чамци ги евакуирале патниците, кои носеле спасувачки елеци.

Крузерот испловил во понеделникот вечерта од романскиот град Дробета-Турну Северин кон бугарскиот Видин, но за време на пловидбата останал заглавен во дел од реката со бројни песочни наслаги.

Водостојот на Дунав моментално е исклучително низок, а протокот на реката изнесува околу 1.600 кубни метри во секунда, што го оневозможило продолжувањето на пловидбата.

Во текот на ноќта и вчераутро биле направени неколку обиди бродот да биде ослободен, но без успех. Од пристанишната капетанија соопштиле дека шансите крузерот наскоро да биде извлечен се мали.

Би можело да ве интересира

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Хрватска: Бунарите пресушуваат, Дунав на историски минимум

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Европските реки пресушуваат, Дунав и Рајна на историски ниски нивоа, загрозени транспортот и производството на струја

Во Дунав уловен сом тежок 84.5 килограми

А1он