ВИДЕО: „Бисер балкански“ ечеше во претседателската резиденција во Тирана, и Мета се фати на оро

Од:

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, денеска се виеше оро на познатата македонска народна песна „Бисер балкански“, во рамките на манифестација посветена на националните малцинства, во која учествуваше шефот на албанската држава Илир Мета.

Кај претседателот Мета за првпат се одржува ваква средба по повод Меѓународниот ден на културниот диверзитет и дијалог, а и тој самиот се фати на едно од ората што го поведоа членови на влашката заедница во земјата.

-Овој ден ни нуди одлична можност да ја промовираме културната разновидност и да ги разбереме неговите вредности. Да се промовира и поттикне културниот дијалог со истакнување на богатството на малцинските култури во нашата земја, да се живее заедно во мир и хармонија и да се почитуваат правата на сите граѓани и заедници кои живеат и работат во Албанија, рече Мета на средбата.

Посочи дека почитувањето и заштита на националните малцинства, како нераскинлив дел од албанското општество, е зацртано со Уставот, со признавање на правото на слободно изразување без попречување или принудување на изјаснувањето на нивната етничка, културна, верска и јазична припадност и правото да ги зачуваат и развиваат, да учат и да се учи на нивниот мајчин јазик.

На средбата присуствуваше и седумчлена делегација на македонското друштво „Илинден“ предводена од Елса Џелили, координаторка за округот Елбасаn, која се обрати пред претседателот Мета и присутните гости.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он