(Видео) Автомобил пропадна во дупка направена од пукната водоводна цевка во Нови Сад

Од:

Пукната водоводна цевка на улица во Нови Сад, создала огромна дупка во асфалтот, во која пропаднал еден паркиран автомобил, пренесоа српските медиуми.

Градските служби соопштија дека нема повредени лица во пропаднатото возило.

„Нашите работници, по полицискиот увид, го извлекоа автомобилот кој нема поголеми оштетувања“, соопшти новосадското претпријатие „Водовод и канализација“.

Поради несреќата, граѓаните во тој дел од градот останале без вода, а во попладневните часови дефектот бил саниран.

Би можело да ве интересира

Голем пожар кај Нови Сад: Гори голем дел од населбата „Бангладеш“

Таткото кој со сопругата ги уби децата и се самоубија бил текстописец за метал бендови

А1он

Морничави детали од трагедијата во Нови Сад: Обредни египетски симболи и црна марама во дворот

А1он

Детали за ужасот во Србија: Откако си ги убиле децата скокнале од зградата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Момче и девојка скокнале од зграда во Нови Сад: „Лежеа заедно во локва крв“

Жена е избодена со нож во тепачка во Нови Сад