ВИДЕО: Апел за помош на семејствата на исчезнатите во поранешна Југославија

Од:

Во периодот од јануари 1991 година до крајот на 2001 година, најмалку 130 илјади луѓе ги загубија своите животи во војните во поранешна Југославија. Судбините на 13 илјади луѓе се уште не се откриени. Со години, семејствата на исчезнатите се одат од еден гроб на друг, од една до друга влада, надевајќи се дека ќе ги пронајдат блски и ќе имаат можност достоинствено да ги погребаат.

По повод денешниот меѓународен ден на исчезнатите лица, коалицијата за РЕКОМ излезе со видео порака и повик за помош на луѓето кои ги бараат своите исчезнати роднини.

-Да им помогнеме да ги најдат своите мртви, да ги погребаат, за семејствата да добијат јавно место на кое ќе положат цвеќе.

Ако имате информација за некоја гробница, за судбината на некој од исчезнатите, немојте да молчите. Помогнете семејствата на исчезнатите да го најдат својот мир. Јавете ѝ се на Коалицијата за РЕКОМ: www.zarekom.org, се вели во апелот на Коалицијата во РЕКОМ.

Во Коалицијата за РЕКОМ членуваат повеќе од 1900 организации на граѓанското општество, и поединци. Меѓу нив се и здруженијата на родителите и семејствата на исчезнатите лица, ветерани, новинари, претставници на малцинските етнички заедници, организации за заштита на човековите права и други.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат