29-ти Ноември, Денот на Републиката шест децении беше еден од најголемите празници во поранешна СФРЈ, а денеска е само повод за сеќавање на заедничкиот живот.
Со овој празник се обележуваше годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце беше донесена одлуката за федералното уредување на Југославија.
Националниот комитет за ослободување на Југославија беше востановен на 29-ти ноември 1943 година. Тој датум ќе остане запишан како ден кога започнала да се создава новата Југославија.