Вестервеле: Израел треба да покаже воздржаност по атентатот во Бургас

Од:

По атентатот во Бугарија, во кој загинаа најмалку осум израелски туристи, Тел Авив треба да покаже воздржаност и да не дава пребрзи обвинувања, изјави денеска за Првиот канал на германската телевизија А Ер Де министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле, пренесоа агенциите.

„Сега треба да се дејствува одговорно“, подвлече тој.

Според германскиот шеф на дипломатијата, Берлин во моментов не располага со податоци за терорист самоубиец, кој ја активирал бомбата на аеродромот Сарафово, крај Бургас.

„Затоа препорачуваме да се покаже воздржаност“, посочи Вестервеле.

Претседателот на надворешнополитичката комисија во Бундестагот Рупрехт Поленц, исто така, го повика Израел „да пројави разумност и претпазливост“.

„Задкулисните поттикнувачи кои го дале сигналот за извршување на злосторството, засега не се знаат“, забележа тој во интервју за радио „Дојчландфунк“.

Поленц притоа ја имаше предвид изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој за атентатот го обвини Иран и вети „решителна реакција за ова злосторство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“