Весели предлага повлекување на таксите на 120 дена

Од:

Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели предложи воведената такса од страна на властите во Приштина за производите од Србија и БиХ да биде суспендирана на 120 дена, со цел во тој период да се создадат услови за нејзино укинување.

Весели, кој го објави таквиот предлог на Фејсбук, истакна дека со него минатата недела го запознал и американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, на средбата на која присуствувал и премиерот Рамуш Харадинај.

Тој додаде дека ако за 120 дена не се случат „радикални промени“ во однесувањето на Србија и БиХ, таксата ќе биде вратена.

Весели смета дека таксата треба да остане, но ова е мерка „во добрата верба кон САД и ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија