Варвициотис: ЕК да излезе со нова рамка за конечно да почне процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан

Од:

Очекуваме од Европската комисија да ја слушне, не само Франција, туку и другите земји членки на ЕУ, и многу брзо да излезе со нова рамка преку кој ќе можеме, конечно, да го започнеме процесот на проширување на Унијата со Западен Балкан, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис по завршувањето на Советот за општи работи на Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис истакна дека на Советот донеле одлука да испратат порака дека Западен Балкан е дел од Европа и покрај недонесената одлука минатиот месец за почеток на пристапни преговори.

– Да испратиме порака и до земјите од Западен Балкан дека сакаме да бидат во нашето европско семејство, но и до Комисијата дека постои начин да одиме напред во ова проширување, а тоа е усвојување на нова процедура на проширување. Ставовите што ги достави Франција се ставови што означуваат нов тек кон една насока. Очекуваме од Комисијата да ја слушне, не само Франција, туку и другите земји, и многу брзо да излезе со нова рамка преку кој ќе можеме, конечно, да го започнеме овој процес на проширување на ЕУ со Западен Балкан, рече од Брисел алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа