Вархеји: Односите со Западен Балкан се наш приоритет

Од:

Комесарот за проширување Оливер Вархеји, на денешната министерска конференција Европска Унија – Западен Балкан, потврди дека приоритет на Европската комисија се односите со регионот.

– Кога станува збор за миграциите, подобрување на соработката е клучна за зајакнување на способностите за управување со границите и борбата против криумчирањето, напиша Вархеји на Твитер.

Тој заедно со еврокомесарите за правда и за внатрешни работи, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон учествува на денешната видео конференција на министрите на ЕУ и Западен Балкан.

ЕК најави дека на конференцијата ќе се разговара за соработка во управувањето со миграцијата, вклучително и интензивирање на регионалната размена на информации, подобрување на информациските системи и зајакнување на капацитетите за прием и азил во пресрет на новиот Европски пакт за миграција и азил.

По презентацијата на Европол за постојаната борба против тероризмот во регионот, министрите ќе разговараат за тековните предизвици поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и напредокот во спроведувањето на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан.

Ќе се дискутира и за подобрувањето на оперативната соработка во борбата против организираниот криминал, како и за новиот Акциски план на ЕУ за трговија со оружје и за Акцискиот план за дрога.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024