Вархеји: БиХ да ја искористи можноста, потребни се опипливи резултати

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска ја повика актуелната влада во Босна и Херцеговина, но и таа што ќе се формира, да не ја пропуштат можноста наскоро да добијат кандидатски статус за членство во ЕУ и да покажат подготвеност за реформи.

Вархеји го повика Советот на министри на БиХ во заминување, како и членовите на новото Претседателство на БиХ, да испратат јасни сигнали дека се подготвени и способни да ги спроведат реформите што се очекуваат од нив.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина и се сретна со највисоките претставници на земјата во Сараево, а по средбата со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина изјави дека пристигнал во клучен геополитички момент.

„Треба да го зајакнеме партнерството, а за тоа ни требаат сигурни партнери“, рече Вархеји, потсетувајќи на одлуката на Европската комисија дека Советот на ЕУ ѝ додели на БиХ статус на кандидат за членство.

Тој предупреди дека конечната одлука за ова прашање ја имаат сите земји-членки на Унијата, но вети дека ќе биде донесена на транспарентен начин, но и со „големи очекувања“ од Босна и Херцеговина.

Вархеји објасни дека сега се потребни „опипливи резултати“ кои ќе бидат претставени пред Советот на ЕУ, кога во декември ќе ја разгледа препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на БиХ врз основа на барањето поднесено во 2016 година.

Претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, рече дека Вархеји бил информиран за процесот на формирање на владата и за очекувањата тој да биде завршен во наредните недели, за да започнат реформите во новата година.
„Ние имаме разбирање за она што се случува во ЕУ, но сакаме и ЕУ да ги разбере нашите специфики и проблеми“, рече Цвијановиќ, додавајќи дека БиХ искрено сака подобри односи со Унијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево