Вакцинираните граѓани на Србија од 1 мај ќе можат да влезат во Грција без ограничувања

Од:

Меморандумот за разбирање во услови на пандемија, кој го усогласија министрите за туризам на Србија и на Грција, Татјана Матиќ и Харис Теокарис, им овозможува на вакцинираните граѓани на двете земји да влезат во другата земја. Оние што не се вакцинирани ќе мора да поминат низ „двостепена контрола“.

Овој режим ќе важи од 1 мај до 1 октомври, а меморандумот беше договорен на онлајн состанок меѓу министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теокарис.

Министерката Матиќ соопшти дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.

– Исто така, на границата ќе се прават и случајни брзи тестови, рече Матиќ.

Таа, исто така, наведе дека граѓаните кои досега не биле во можност да направат заменски патувања за Грција, а кои имаат склучено договори со туристичките агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември годинава.

– Отворањето на грчката граница за нашите граѓани во текот на летната сезона ќе биде симболична слика за целосно нормализирање на нашите животи и уште една потврда за длабокото и вистинско пријателство и вонредните билатерални односи меѓу Србија и Грција, изјави Матиќ, додавајќи дека оваа година ќе можат да патуваат во Грција и српските граѓани кои не се вакцинирани против коронавирус, при што ќе мора да поминат „двостепена контрола“.

– Првиот вид на контрола што грчката страна ќе го побара е поседување веројатно на антиген тестови, значи не исклучиво на ПЦР-тестови, а вториот вид на контрола што тие ќе го спроведат на нивната граница се брзите тестови, кажа Матиќ.

Би можело да ве интересира

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание