Вахабистите од соседството: Сакаме цел свет да биде исламски бидејќи тоа е добро за сите!

Од:

Триесет километри од хрватската граница, во општината Брчко Дистрикт, местото е Горња Маоча. Во регионот познато како село во кое полицијата ретко влегува, место во кое живеат вахабисти. Припадници на радикално исламско движење. Тие кои не ја признаваат власта во БиХ.

На самиот влез во местото и тоа заедно со полиција, го затекнавме Јасмин Мустајбашиќ. Не дочека со зборовите: Дали дојдовме да шириме лаги?!

По првиот не многу срдечен дочек, се одлучи да разговара со нас. Целата негова филозофија и начин на живот се врти околу следново: Сакам цел свет да бидат муслимани, да го сретнат Алах како муслимани, јас сакам цел свет да биде исламски бидејќи тоа е добро за целиот свет! – рече Мустајбашиќ.

Подоцна дознавме дека истиот тој Јасмин е лице кое било приведено, сослушувано, а на крај и пуштен по терористичкиот напад на американската амбасада во Сараево. Имено, тогаш бил осомничен дека помагал на Мевлудин Јашаревиќ кој во тој напад пукаше на амбасадата.

Поради желба да го живее вистинскиот ислам, како што вели тој, ја напуштил работата, семејството, кариерата. Откако на почетокот рекоа дека работи и дека нема да дојде до доцна во ноќта, се појави и Фикрет Зукиќ. Татко на двајца синови. Двајцата се во Сирија и се борат на страна на Исламската држава. Фикрет вели: – Се борат за верата на Алах. Значи тоа е закон на Алах каде џихадот им налага да помогнат на своите браќа каде и да се наоѓаат. Ако загинат неговите синови во џихад, тие нема да бидат прашани за гревовите, така наредува Алах!

На нашето прашање како би се чувствувал да изгуби еден од синовите, вели: Ако се случи тоа, нема да тагувам, бидејќи ние веруваме во тоа дека Алах нему му одредил каде ќе загине.

Неговиот син Елдин Зукиќ, на снимката која ни ја испрати Државната агенција за безбедност и заштита на БиХ, од Сирија повикува: Ова е повик кој е упатен и на муслиманите и на муслиманките, дојдете помогнете. Раѓајте муџахедини, воспитувајте муџахедини, Алах ве помага! И што побрзо со помош на Алах, тука во Шама да направиме шеријатска држава.

Во акцијата Дамаск во која пред десетина дена беа приведени 15 лица на подрачјето на БиХ е и Билал Босниќ, за кој се смета дека е водач на вахабистичката заедница во таа земја. Искра за целата таа акција на спроведување беше снимка на порталот Патот на верниците, на која Босниќ повикува на света војна.

Исламската заедница се оградува од нив

Исламската заедница се оградува од делувањето на оваа организација. Тие тврдат дека нивното толкување на верата нема институционален ниту верски легитимитет и дека се работи за произволно и самостојно толкување на верските закони.

Првите муџахедини во БиХ

Првите муџахедини во БиХ стигнаа во годините на војната. Како засилување на Армијата на БиХ. Тогаш во нивното доаѓање на власт не видоа ништо лошо. Се додека поединци во државата состојбата не ја искористија во поинакви цели.

– Во секој случај сите се прашуваат, како една таква идеја како што е вахабизмот успеа да најде плодно тло во БиХ. Она што според мене е најважно е дека на нив им понудија идентитет. И на еден тотално погрешен начин ја злоупотребуваат и интерпретираат својата религија – тврди Ивана Петровиќ уредничка на надворешна политика на Нова ТВ и додава: Многу е важно да се повлече граница меѓу исламот и исламизмот. Исламот како религија и исламизмот како условно кажано политички ислам. Сето тоа мораме многу сериозно да го сватиме и да го погледнеме светот во кој живееме и тие се дел од тој свет, тоа треба да се свати многу сериозно.

Иако се поважни вахабистичките центри во непосредната граница на нашата земја, хрватските разузнувачи наведуваат дека исламистите не се опасност за Хрватска.

Во Сирија моментално се борат околу 150 босанскохерцеговски државјани, иако државата БиХ на своите граѓани со закон им забрани одење во војна во други земји.

dnevnik.hr

Би можело да ве интересира

Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски