В понеделник средба Мицотакис- Ердоган

Од:

Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на тет-а-тет средбата Мицотакис – Ердоган в понеделник, и додаде дека Грција се надева на мирно лето во односите меѓу двете земји.

Грчкиот премиер и турскиот претседател ќе се сретнат во Брисел по завршувањето на НАТО самитот, а Пелони истакна дека ова ќе биде првпат Мицотакис и Ердоган да разговараат сами и нема да следи состанок на двете делегации.

Додаде дека во изминатите месеци веќе беа активирани сите канали на комуникација меѓу двете земји.

-Различни позиции со Турција постоеја и постојат. За многу прашања нашите позиции се дијаметрално спротивни. Токму ова е причината дека треба да разговараме со соседната земја. Тоа што не се согласуваме, не значи дека не разговараме, истакна портпаролката на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на Македонија, вели Мицотакис

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ