Ужас на Јадран: „Жена почина на плажа, лежеше мртва 45 минути“

Од:

Повзрасна жена почина на Сината плажа во Водице кога сакала да влезе во водата.

Трагедијата се случила во утринските часови кога жената која дошла на плажата со пријателките влегла во водата, но наеднаш паднала.

– Итната помош дојде многу брзо, а лекарите се обидоа да ја реанимираат. За жал, жената почина. Луѓето се собраа и гледаа. Сите останаа шокирани – изјави за хрватските медиуми жена која била сведок на немилата глетка.

Според неа, лекарите ја реанимирале жената речиси 45 минути.

– За жал, немаше начин да се спаси. Ја покрија со крпи, но не целосно. Нозете останаа откриени. Наоколу имаше полицајци – рекла жената.

Наводно, многу посетители на плажа не ни забележале што се случува.

– Луѓето доаѓаа на плажа и си играа игри. Не го ни забележаа телото на жената. Едно дете дури претрча покрај телото на несреќната жена. Речиси 45 минути никој не дојде да го собере телото – додава жената за хрватските медиуми.

Водице се наоѓа во централна Далмација во близина на Шибеник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски