Уште еден доказ дека Тито не е Броз од Кумровец?

Од:

Александар Матуновиќ, личниот лекар на некогашниот маршал на поранешна СФРЈ, Јосип Броз  вели дека Тито имал акт-торбичка од која не се одвојувал , а во која по неговата смрт е пронајден еден од доказите дека тој не е Јосип од  Кумровец, туку  зад неговото име се крие  друга личност.

„Дневник,хр“, повикувајќи се на информациите на лекарот  на  Тито пренесе дека тој имал мала акт-торбичка која секогаш ја носел со себе. Нејзината содржина  покрај тоа што била обезбедена со клуч имала и мал катанец.

-Во два наврати, влегувајќи во неговите простории го  видов како претура по торбата. Секогаш беше свртен со грбот кон вратата, а кога јас ќе влезев, тој веднаш ја затвораше. Дејствуваше како човек кој е затекнат во некоја недозволена работа. Поради тоа знаев дека во торбата има некои важни работи- вели лекарот.

Тој додава дека по смртта на Тито се распрашувал што имало во малата акт-торбичка.

Звонко Костиќ еден од членовите на комисијата задолжена за имот Тито му рекол дека покрај златен накит, извод од матична книга на умрени на Зденка Пауновиќ, како и извод од матична книга на венчани со Јованка Будисављевиќ и фотографија од  Пелагија Белоусова.

Во торбичката имало и извештај од австроунгарското Министерство за војна од есента 1915 година, во кој се нашол список на австроунгарски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција. На списокот  се наоѓало и  името на капларот Јосип Фрањо Броз.

Пронајдениот извештај оди во прилог на сомнежот, односно  мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека зад неговото име се крие некоја друга личност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска