Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Од:

„Беше ветено да се молчи цели четириесет години – од смртта на Тито до мај 2020 година. Конечно, дојде време да се открие последната исповед на Тито раскажана, верувале или не, на еден млад човек од Македонија.

Лекарот Филип Ристовски на смртната постела на Тито слушна многу нешта што се криеја од јавноста и за кои беше забрането да се зборува, тајни што никој ги немаше чуено, закопани длабоко во душата на еден од најголемите државници на сите времиња”.

На преку двесте страници се раскажани приказни од кои се леди крвта, докази за мрачната страна на Тито, но и за неговата големина што ќе го надживее илјадници години. Ова е исповед за сите негови венчани и невенчани жени, за македонското прашање и седумте сценарија по кои ние никогаш не би сме имале држава, за неговата најголема љубов што ја закопал во својот двор, за егејското прашање, за тоа кој ја уништи идејата Македонија да излегува на Црно и Егејско Море, за религијата, за сите свои грешки и покајанија, за тоа како ги „превесла” Черчил и Сталин…

Ова е само интро за новиот роман што поместува многу граници – историски, љубовни, воени, морални, маалски, одмазднички…

„ТИТО, мојот претпоследен херој” на Зоран Спасов – Sоф, во издание на „Арс ламина“, можете да го најдете во книжарниците на literatura.mk.

Средствата од авторските права и од продажбата на книгата ќе бидат наменети за СОС Детско село Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска