Универзитетски професори и студенти протестираа во Истанбул против отпуштањата по обидот за преврат

Од:

Неколку стотици универзитетски професори, студенти и членови на синдикати протестираа денеска пред Истанбулскиот универзитет против отпуштањето на илјадници професори по обидот за преврат на 15 јули, пренесува БТА.

Протестот беше обезбедуван од полицајци за борба со безредијата.

Анкара го обвинува проповедникот Фетуллах Ѓулен, кој живее во САД, дека го организирал обидот за преврат. По 15 јули, турските власти започнаа  масовни чистки во кои 110.000 државни службеници, судии, обвинители, полицајци и професори беа привремено суспендирани или отпуштени поради наводни врски со Ѓулен.

„Рамо до рамо против фашизмот”, „Ние ќе победиме, ако се спротивставиме”, извикуваше насобраниот народ.

Меѓу суспендираните по обидот за преврат има околу 50.000 универзитетски професори и наставници. Во рамките на истрагата за обидот за државен удар речиси 37.000 луѓе беа испратени во затвор во очекување на судски процеси против нив.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски