Умерен земјотрес ја погоди централна Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во централна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од населеното место Елатија, на 118 километри северно од Атина и на десет километри длабочина.

Грчкиот весник „Катимерини“ прецизира дека потресот се случил кусо по 15 часот по локално време.

Во земјотресот нема настрадани лица.

Ова е втор земјотрес во Грција во текот на денешниот ден, откако земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровите  скала го погоди изутрината регионот на Парга, во северозападна Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Запалена куќата на чичкото кој си ја уби внуката, се обидел да има односи со неа, кога го одбила, ја избодел со штрафцигер