Убиството кај Вуковар било уште пострашно – двајцата синови со хебли ја убиле сопствената мајка

Од:

Новите детали за убиството на 65-годишната Блаженка Дивљаковиќ што се случи минатата недела во село кај хрватскиот град Вуковар, откриваат дека тоа било уште побрутално отколку што беше наведено во првичните информации – жената била убиена не само од едниот, туку од двајцата свои синови, соопшти полицијата.

Двајцата синови, Игор и Ренато, на возраст од 27 и 34 години, кои ѝ биле од претходно познати на полицијата по насилничко однесување, со хебли до смрт ја претепале мајката во нејзиниот и нивниот двор, соопшти Обвинителството.

По ужасниот злостор кој се случи во селото Шаренград, во близина на српско-хрватската граница, убијците побегнале, но полицијата набрзо ги пронашла и ги уапсила.

„Постои основано сомнение дека на 29 април околу 18 часот и 30 минути во Шаренград, 27-годишниот осомничен и 34-годишниот осомничен, заедно и по претходен договор, во дворот на семејната куќа ја сочекале мајката (1964), која претходно вербално и психички ја злоставувале“, се вели во соопштението на Жупаниското обвинителство.

„Кога таа влегла во дворот, користејќи ја нејзината доверба, бидејќи не го очекувала нивното доаѓање и нападот, по расправија, со цел да ја усмртат, ѝ задале повеќе удари во главата и во телото. Мајката набргу починала од нанесените повеќекратни повреди на главата“, додаваат од Обвинителството.

Истражен судија го прифатил предлогот на двајцата осомничени да им се одреди притвор поради можноста да влијаат врз сведоците и опасноста од повторување на слично дело.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска