Убиство во Мостар: Маж на плоштад со пиштол уби жена

Од:

Вечерва во Мостар се случи убиство. Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон, маж уби жена.

– Пријавата ја добивме во 18 часот. Убиството се случило на плоштадот Иван Крндељ. Дежурниот кантонален обвинител бил известен, истрагата се спроведува на лице место, повеќе информации ќе бидат познати подоцна – кратко изјави Илијана Милош, портпарол на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на ХНК.

Според првичните информации, девојката бегала од својот убиец од Автобуската станица и втрчала во блискиот ресторан барајќи помош, а наводно успеала да се јави во полиција.

За жал, мажот ја стигна и ја застрела со пиштол.

Полицијата многу брзо пристигна на местото на настанот и го уапси осомничениот убиец.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он