Убиената трудница од Приштина денеска требало да се породи

Од:

Осомничениот за убиството на трудницата (35) во дворот на Гинеколошката клиника во Приштина се уште е во бегство, потврди обвинителот Иљаз Беќири. Според претходните пишувања на медиумите, осомничениот бил во процес на развод од убиената сопруга, а како што се наведува, имал и забрана за пристап поради претходни закани кон сопругата.

Оштетената, која го чекала терминот за породување на клиниката, излегла да купи нешто кога осомничениот пукал во неа. Телото на жртвата лежело два часа на местото на трагичниот настан.

Сестрата на трудницата изјавила дека нивниот зет постојано му се заканувал на целото семејство со огнено оружје, пренесува порталот Коха.нет.

„Тој испука еден истрел кон неа кој ја собори, а потоа повторно пукаше и ја уби. Мојата сестра денеска требаше да се породи“, изјави сестрата на убиената трудница.

Во врска со овој случај имаше бројни реакции, а за денеска во 16 часот е најавен протест во Приштина.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Горан Наумовски

Криминалецот наречен Војвода, вмешан во пукање во приштинското кафуле е еден од најбараните криминалци од ФБИ