Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Од:

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска изјави дека институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, презеле еднострани дејствија што доведоа до осуда на меѓународната заедница „како никогаш досега“ и оцени дека ќе ги трпи последиците.

Гренел за приштинската телевизија Т7 посочи дека меѓународната заедница е обединета во осудата на Курти и неговите постапки на северот на Косово.

„Германците, Французите, Европејците воопшто, КФОР, НАТО, администрацијата на Џо Бајден, Белата куќа, Стејт департментот, сите го осудија Албин Курти за неговите постапки на северот на Косово. Тој не носи добри одлуки за да создаде атмосфера на мир“, проучува Гренел, кој беше пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Левица: Наместо да го екстрадира, Косово го ослободува Алил Демири за убиството на Смилковско Езеро

ЕУ: Итно формирање на ЗСО на Косово

Предраг Петровиќ

Арсовска бара од Советот на Град Скопје да го врати името на улицата „Втора македонска бригада“, наместо Адем Демачи

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

Предраг Петровиќ

Петковиќ: Курти во Скопје го промовира таканаречениот фашистички проект Голема Албанија

Предраг Петровиќ