Уапсени претседателскиот кандидат Иван Синчиќ и активисти на партијата „Жив ѕид“

Од:

При обидот да ја спречат деложацијата на поранешниот фудбалер на „Вартекс“ и на „Динамо“, Зоран Брлениќ, во селото Горњи Кнегинец, крај Вараждин, од слобода се лишени активисти на партијата „Жив ѕид“, а меѓу нив и хрватскиот претседателски кандидат Иван Синчиќ.

Шеесетина активисти се собраа во поткровјето од куќата, но интервентната полиција, која помагала во судското извршување, од објектот ги спуштала со јаже, пренесува весникот „Јутарњи лист“.

Во полициската акција повреден е еден активист, но според наводите на полицијата, „во турканицата што настанала тој со главата удрил во дрвена греда“.

Медицинска помош пристигнала од Итната помош, а потоа повредениот активист бил префрлен во вараждинската болница.

По интервенцијата на медицинските лица, интервентната полицаја продолжила со вадење на активистите од „Жив ѕид“, и сите ги ставила во полициски возила. Синчиќ бил меѓу првите кои биле изнесени од куќата.

Деложацијата кај Вараждин е трет обид семејството на Зоран Брлениќ да се исфрли од куќата.

Првите два обиди за деложација, кон крајот на јуни и крајот на јули минатата година, не успеаја бидејќи судскиот извршител и полициските службеници беа спречени во намерата од активистите на „Жив ѕид“, потсетува „Јутарњи лист“.

Хрватските медиуми пренесуваат дека проблемите на семејството Брлениќ почнале пред 10 години, кога Зоран Брлениќ во вараждинската „Банка Кованица“ покренал кредит во износ од 50.000 евра за потребите на својата фабрика.

На почетокот тој редовно ги подмирувал обврските, но наскоро фабриката престанала со работа, Брлениќ останал без работа, а во меѓувреме и неговата сопруга тешко се разболела.

Банката потоа нивната недвижност ја купила на јавно наддавање и се упишала како сопственик, и побарала деложација на семејството Брлениќ.

Брлениќ за „Вечерњи лист“ изјави дека „секоја медала има две страни“ и дека не е точно дека настапувал без конкретни предлози.

-Банката ја интересираат само пари, а не и решение за двете страни, порача Брлениќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски