Уапсени педофили во Србија – демнеле деца на интернет и ги намамувале на состаноци

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека во рамките на акцијата Армагедон се уапсени 12 лица осомничени за педофилија и поседување детска порнографија. Известија дека против едно лице во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.

„Осомничените се уапсени поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела прибавување, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, експлоатација на малолетници за порнографија и сексуално вознемирување“ соопшти полицијата.

Уапсени се П.Р.(47) од Вршац, С.И.(44) од Белград, Д.Ф.(51) од Бечеј, П.Г.(45) од Ада, Л.Р.(62) од Бачка Топола, Ј.С.(51) од Прокупље, С.В.(62) од Велико Градиште, Е.Г.(48), В.Д.(34), С.П.(34) од Нови Сад, У.С.(34) од Шабац и Д.М.(49) од Крагуевац.

Се сомнева дека во подолг временски период, преку Интернет, преземале и споделувале содржини создадени со искористување на малолетници за порнографски цели.

Исто така, постои сомневање дека преку социјалните мрежи и мобилните апликации стапиле во контакт со малолетници кои прикажувале и добивале од нив содржини создадени со искористување на деца за порнографија, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

„Тие се осомничени дека договарале и имале средба со малолетници со цел да стапат во сексуални односи. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство“, соопштија од српската полиција.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија