Уапсени неколку лица во меѓунарона полициска акција во неколку балкански земји

Од:

Во меѓународна полициска акција, истовремено спроведена во Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Хрватска и Црна Гора, уапсени се неколку лица под обвинение за шверц и препродажба на кокаин од Јужна Америка во Европа, јавуваат српските медиуми.

Според Управата на српската криминалистичка полција денеска во рамките на координирана полициска акција „во неколку држави“ се „уапсени неколку лица и се извршени претреси на неколку објекти“.

Меѓународната полициска акција била насочена против организирана криминална група, која се занимавала со шверц на големи количества кокаин од Јужна Америка и нивна продажба во Европа. Криминалната група е отркреина при заплена на 15 килограми кокаин во Холандија на 1-ви ноември минатата година, кога се уапсени две лица.

Во Србија се уапсени две лица, во Црна Гора едно, а на територијата на Хрватска се извршени претреси на неколку објекти.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник