Уапсени двајцата лидери на турските Курди

Од:

Двајцата потпретседатели на курдската Народна демократска партија (ХДП) , Салахатин Демитраш и Фиген Јуксекдаг, синоќа се уапсени.

Заедно со нив се уапсени и деветмина други пратеници на таа партија, додека турската полоција извршила претрес во просториите на ХДП во центарот на Анкара.

Сите се уапсени во текот на една, како што е соопштено, обемна „контра-терористичка“ операција.

Демитраш бил уапсен во својата куќа, во Дијарбекир во југоисточна Турција, додека Јуксекдаг бил приведен од полицијата во главниот град Анкара.

Турските власти ги обвинуваат оваа партија и нејзнините лидери дека имаат врски со милитантната група на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) , која во Турција, САД и ЕУ се третира како терористичка, но Демитраш и ХДП категорично ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Курдската Народна демократска партија за прв пат влезе во турскиот Парламент во минатата година, откако на изборите освои 59 пратенички места, со што стана трета по големина политичка сила.

Но таа е постојано изложена на притисоци и обвинувања за врски со терористите од ПКК. Само три месеци по влегувањето на ХДП во Парламентот, беше подметнат пожар во седиштето на партијата во Анкара.

Во Турција на сила е вонредна состојба, што е воведена по неуспешниот државен удар во јули оваа година.

Тоа им дава право на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на неговата влада, да донесуваат закони и прописи и да суспендираат човекови права и слободи без согласност на Парламентот.

Турските политичари имаат имунитет од обвинувања, но со посебна одлука од почетокот на оваа година, тоа не се однесува и за курдската ХДП и за нејзните пратеници и функционери.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски