Уапсени братот и сопругата на Лука Бојовиќ

Од:

Во заедничка акција на српската и шпанската полиција во неколку градови во Шпанија, уапсени се најмалку 15 луѓе кои се доведуваат во врска со криминалната група на Лука Бојовиќ, а меѓу уапсените се државјани на Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.

Акцијата ја извеле безбедносните служби на Србија, Управата на криминалистичката полиција и полицијата на Шпанија. Пребарани се 20 станови и приватни компании во Лас Палмас, Аликанте и во уште неколку шпански градови. Меѓу уапсените е и братот и сопругата на Бојовиќ.

Сите уапсени се осомничени дека се дел од криминалната група одговорна за ликвидации, перење пари и криумчарење кокаин од Јужна Америка кон Шпанија и земјите од Европската унија.

Лука Бојовиќ е означен како водач на т.н. Земунски клан, криминална организација на чие чело е од 2003 година, откако групата учествуваше во атентатот на српскиот премиер Зорана Ѓинѓиќ односно по полициската акција ‘Сабља’, во која се ликвидирани претходните шефови на кланот Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум.

Бојовиќ од Србија побегнал во 2010 година по апсењето на Сретко Калиниќ и Милош Симовиќ, откако тие претходно си ги расчистуваа сметките во Загреб.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ