Уапсен таткото кој ја држеше својата 8-годишна ќерка затворена во стан во Белград

Од:

Страшен случај од Белград, каде татко со години ја чувал својата 8-годишна ќерка затворена во стан, го шокираше целиот регион. Таткото монструм, 37-годишниот Урош Пашајлиќ е уапсен попладнево по интензивна потрага по него од 24 март.

„По наредба на дежурниот заменик обвинител, полицијата го уапсила Урош П.(37) и го задржала 48 часа“, соопшти српската полиција, пренесува Нова.рс.

По Пашајлиќ беше распишана потерница откако, како што е изјавено за српски Телеграф, неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски