Уапсен српскиот нарко-бос Давид Цуфај за шверц на 2 тони кокаин

Од:

Српскиот државјанин, дваесет и седум годишниот нарко-бос Давид Цуфај бил уапсен вчера во Перу, поради шверц на два тони кокаин во вредност од 174 милиони долари, пренесуваат српските медиуми.

Тој бил уапсен вчера во перуанскиот град Каљао со уште четворица осомничени Перуанци. Цуфај пред две недели беше осуден во отсуство на казна затвор од 17 години.

Агените на специјалната полиција „Шкорпион“ кои се бават исклучиво со разбивање нарко-групи го изненадиле Цуфај во делот од градот наречен Сателитски град. За полицијата, Цуфај бил финансиер, координатор и супервизор на пресретната пратка која содржела два тони кокаин, а чија крајна дестинација била Европа.

Дрогата со која тргувал Цуфај, инаку боксерски првак во кадетска конкуренција во Босна и Херцеговина, била откриена во јануари 2017 година и проценета на 174 милиони долари. Дрогата била спакувана во конзерви и требало да биде испратена за Белгија.

Обвинителството тогаш барало превентивен притвор, но судијата донел одлука за ограничен притвор, бидејќи тој немал криминално досие, па Цуфај тогаш исчезнал без трага.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете