Турските власти издадоа налози за апсење на 137 универзитетски професори

Од:

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 137 универзитетски професори, поради наводна поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на неуспешниот преврат на 15 јули.

Полицијата соопшти дека во текот на денов веќе привела 31 лице во рамки на истрагата против терористичка организација на Ѓулен. Акцијата е спроведена во Анкара и во уште 15 окрузи во земјата.

Според телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, можно е 22 од осомничените да се избегани од државата.

Во Турција досега се уапсени над 37.000 луѓе во рамки на истрагата против соработниците на Ѓелен. Сменети или времено отстранети од должност се 100.000 судии, обвинители, полицајци, наставници и други државни службеници.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски